Ресурси

 

Ре-евалуација:

 

Кога би се повикале на познатата реченица од славниот Том Питерс „What gets measured, gets done“, која знаејќи или не, ја употребуваме во другите аспекти од бизнисот, би можеле да заклучиме дека единствен начин за континуирано подобрување на купувачкото искуство е со редовно мерење и евалуација. За таа цел, по спроведувањето на корективните активности, секогаш предлагаме ре-евалуација на поставените стандарди и нивното исполнување.
Соочени со постојаното менување на трендовите на пазарот, единствен пат за раст и успех го сметаме континуираното инвестирање во нашиот тим и технологија. Единствено на тој начин можеме да бидеме сигурни дека ќе ги надминеме очекувањата на нашите клиенти.

 

Човечки ресурси

 

Во SWOT RESEARCH веруваме дека квалитетот произлегува од воспоставените работни процедури, но и од квалификациите и искуството на тимот кој ги спроведува. Затоа сме посветени на создавање на високо обучен тим од професионалци, кои со своето искуство, знаење, флексибилност и посветеност се подготвени да излезат во пресрет на потребите на нашите клиенти и проектите кои ги изработуваме за нив.

 

Проектите се раководени од искусни проект менаџери кои се задолжени за организација, спроведување и контрола на секој истражувачки проект. Подготовката, методологијата за спроведување и анализата на резултатите од истражувањата се вршат од страна на тим од експерти во областите на истражување, социологија, маркетинг, комуникации и психологија.

 

Теренската работа се извршува од квалификувани и искусни анкетари и тајни купувачи, тренирани според светските стандарди за прибирање податоци. Во текот на работењето успеавме да оформиме база од над 250 тајни купувачи и анкетари, обучени според стандардите на MSPA и ESOMAR. Истите се со разновидна едукација, различни профили, возрасти и националности. Особено внимание се посветува на квалитетниот избор на соработници кои мора да исполнуваат високи стандарди во поглед на нивната професионалност, посветеност, вештини за перцепција, говорење и активно слушање, точност и прецизност, интелигенција и капацитет, како и етички и морални вредности.
 

Технички капацитети


Главна поддршка и столб на сите активности во SWOT RESEARCH е техничката инфраструктура. Развојот на услугите, подобрувањето на брзината, ефикасноста, точноста и прецизноста на истражувањата кои ги спроведуваме се должи на развојот и подобрувањето на технологијата која стои зад нив.

Врвните услови за работа во опремените простории на 200м2 овозможуваат спроведување на сите типови квалитативни и квантитативни истражувања. Call center-от располага со 10 опремени интервјуерски работни станици, мрежно поврзани во централизиран систем за прибирање податоци со можност за снимање на разговорите/анкетите. Просторијата за фокус групи е опремена со врвен систем за снимање на аудио и видео со можност за директен пренос за следење на разговорот на испитаниците преку интернет пристап.

 

Користејќи го врвниот софтверски програм Марти™, успеавме да го усовршиме процесот на анализа на податоци и да постигнеме дополнителна ефикасност која се манифестира преку побрза, поточна и попрецизна обработка на податоците од теренот. Како резултат на овој софистициран систем, во можност сме да им понудиме на нашите клиенти и следење на процесот на истражување во живо, со корисничко име и лозинка на интернет пристапот на Марти™.

 

Преку користење на напредна технологија за прибирање на податоци преку специјализиран “CATI”софтвер (Computer Assisted Telephone Interview) и со помош на обучениот тим искусни анкетари, во можност сме за спроведување на голем број телефонски анкети за краток временски период што дава дополнителна вредност на истражувачките проекти кои ги изработуваме во поглед на нивната точност, навременост и релевантност. Напредниот систем за обработка на податоци овозможува добивање на првични резултати уште додека истражувањето е во тек, преку корисничко име и лозинка на интернет пристапот на CATI софтверот.