Членства и Партнерства

Постојано ги користиме искуствата и знаењето на нашите регионални и светски партнери во рамки на нашите услуги. Нашите стратешки партнерства ни овозможуваат да понудиме додадена вредност на нашите клиенти, кои преку нас се поблиску до светските трендови и најдобри практики.

 

Од 1 мај 2005 година SWOT Research е членка на светската mystery shopping асоцијација MSPA. SWOT Research Mystery Shopping поседува сертификат за членство во светската mystery shopping асоцијација MSPA и e потписник на принципите за професионални стандарди и етичкиот кодекс во работењето воспоставен од MSPA.
SWOT Research е потписник на  ICC/ESOMAR интернационалниот кодекс за општествени и маркетиншки истражувања. Официјалниот претставник на SWOT Research е член на ESOMAR.


 
Регионалното присуство го обезбедуваме преку нашата партнерска компанија SWOT Group, која е една од водечките компании во Србија во сегментите на деловна едукација на вработените, истражување на пазар и консалтинг.