Избраните најдобри трговци за 2013 година

По седми пат избрани најдобрите трговски објекти за оваа година

 

Град Скопје во соработка со Агенцијата "SWOT Research", по седми пат го спроведе истражувањето за најдобри трговски објекти за 2013 година, реализирано во рамки на проектот Месец на Трговијата, а денеска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на добитниците им додели јавно признание во форма на плакета.

 

Истражувањето се спроведува по пат на т.н. mystery shopping, односно преку директна посета на независни и објективни тајни купувачи кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата во трговските објекти според однапред утврдени критериуми.

 

Испитувањето, секоја година, се спроведува според следните 6 критериуми: изглед на продажното место, прв контакт со вработените, услуга на вработените, продажни вештини, завршен контакт и задоволство со купувачкото искуство.

 

Резултатите од истражувањето јавно се презентираат пред добитниците и трговците во форма на заклучоци и препораки за во иднина. Врз основа на резултатите од истражувањето, се избераат три најдобри трговски објекти од секоја категорија што постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата.

Презентацијата со резултати може да ја преземете тука: