|
Преглед на услугите
Водејќи се од нашата мисија „да им помагаме на нашите клиенти да создаваат лојални клиенти“ создадовме палета на истражувања кои овозможуваат не само резултати изразени во податоци, туку и употребливи совети, препораки и насоки кои може да бидат искористени за донесување на вистински одлуки во насока на создавање лојални клиенти.
Секое од нашите истражувања, или со нивно комбинирање, ви овозможува да добиете информации специфични на предизвиците со кои се соочувате:
Mystery shopping истражувања
Испитување на исполнувањето на стандардите за квалитет на услуга во вашите продажни места, контакт центри и сите други контакт точки со вашите клиенти. Даваат реална слика за купувачкото искуство на вашите клиенти (или потенцијални клиенти) во моментот на контакт со вашите вработени, познат како The moment of truth.
Истражувања на дистрибутивна мрежа
Испитување на квалитетот на услугата која ја нудат вашите дистрибутери со крајните купувачи на вашите производи. Овие истражувања се користени од производители и увозници, кои немаат директен контакт со крајните потрошувачи.
Истражувања на конкуренција
Комбинација од повеќе методи за истражување на конкуренцијата кои овозможуваат анализа на сопствената понуда во однос на конкурентската на пазарот. Резултатите овозможуваат навремено донесување на стратешки одлуки за адаптација кон конкурентниот пазар.
Следење на цени
Истражувања кои даваат слика за поединечните ценовни политики на компаниите во одредена индустрија, како и преглед на ценовните стандарди во рамки на конкуренцијата. Резултатите од овие истражувања се корисни при лансирање или репозиционирање на одреден производ, но и за индустрии во кои цените на пазарот фреквентно се менуваат.
Point of exit истражувања
Овие истражувања овозможуваат вредни информации за причините поради кои вашите потенцијални клиенти си заминуваат од вашите продажни места без да купат.
Customer satisfaction истражувања
Истражувања кои ги идентификуваат клучните фактори кои влијаат на задоволството на купувачите во вашата индустрија. Резултатите од овие истражувања даваат конкретни препораки и насоки за надминување на очекувањата на вашите клиенти, како истите би ја довериле својата лојалност.
Интегрирани истражувања
Добивање на сеопфатни резултати со користење на повеќе методологии за анализа на услугата на вработените и задоволството на клиентите од истата. Резултатите од овие истражувања ги идентификуваат вистинските потреби на клиентите, факторите кои влијаат на нивното задоволство и областите за подобрување на купувачкото искуство, кои претставуваат клучни информации за донесување на вистински одлуки.
Контактирајте не за да ви ја понудиме нашата помош во вашата определба да создадете лојални клиенти (со линк до контакт формуларот) |
|
|
|
|
|