|
Следење на цени
Една од најопширните маркетинг активности е континуираното следење на понудата на играчите на пазарот во вашата индустрија. На пазар како Македонскиот, на кој голем удел во купувачката одлука има ценовната политика, од огромно значење е навремената информација за евентуалните промени во цените на понудата на конкурентските производи и услуги.
Овие истражувања даваат слика за поединечните ценовни политики на компаниите во одредена индустрија, како и преглед на ценовните стандарди во рамки на конкуренцијата. Резултатите од овие истражувања се корисни при лансирање или репозиционирање на одреден производ, но и за индустрии во кои цените на пазарот фреквентно се менуваат.
Придобивки од истражувањето:
- Добивате слика за ценовните стандарди и просечните цени на конкурентските производи и услуги
- Дознавате која е вредноста која конкурентите ја нудат во рамки на нивната понуда за цената која ја наплаќаат
- Во тек сте со промотивните активности на вашите конкуренти во однос на нудење на дополнителна вредност за назначената цена
|
|
|
|
|
|