|
Ресурси
Соочени со постојаното менување на трендовите на пазарот, единствен пат за раст и успех го сметаме континуираното инвестирање во нашиот тим и технологија. Единствено на тој начин можеме да бидеме сигурни дека ќе ги надминеме очекувањата на нашите клиенти.
Во текот на работењето успеавме да оформиме база од над 150 професионални истражувачи и тајни купувачи, обучени според светските стандарди. Истите се со разновидна едукација, различни профили, возрасти и националности. Како резултат, успеваме да одговориме на сите видови истражувања според барањата на нашите клиенти.
Користејќи го врвниот софтверски програм Марти™, успеавме да го усовршиме процесот на анализа на податоци и да постигнеме дополнителна ефикасност која се манифестира преку побрза, поточна и попрецизна обработка на податоците од теренот. Како резултат на овој софистициран систем, во можност сме да им понудиме на нашите клиенти и следење на процесот на истражување во живо, со корисничко име и лозинка на интернет пристапот на Марти™.
Со помош на стекнатото искуство и интернационално знаење успеавме успешно да реализираме повеќе проекти кои подразбираат квантитативно истражување на разновидни целни групи, а притоа да успееме да ги идентификуваме клучните резултати кои испорачуваат значителна вредност на нашите клиенти и кои овозможуваат донесување на значајни стратешки одлуки. |
|
|
|
|
|