|
Point of exit истражувања
Компаниите кои го континуирано го зголемуваат своето пазарно учество и оние кои обезбедуваат зголемен број на лојални клиенти не ги постигнуваат своите успеси случајно. Водечките компании се свесни дека за да ги задржат клиентите мораат да ги слушаат нивните потреби и да знаат како да ги задоволат.
Светските анализи покажуваат дека огромен процент од потенцијални клиенти секојдневно заминуваат од нашите продажни места без да купат. Предизвикот е голем да се најде начин да се зголеми процентот на „купувачки“ клиенти, што би можело да има значително влијание на нашата продажба и профит.
Нашите Point of exit истражувања идентификуваат:
- Кои се причините зошто потенцијалните клиенти влегле во продажното место?
- Кои се нивните потреби и што точно барале?
- Зошто си заминуваат без да купат?
- Дали промотивните материјали имале влијание врз нивната одлука?
- Дали купуваат на друго место и зошто?
Врз основа на добиените анализи се добиваат значајни информации кои овозможуваат подобро запознавање со клиентите и нивните потреби со цел да се извршат корективни активности во правец на зголемување на процентот на купувања во продажните места. |
|
|
|
|
|