Дома
 Преглед на услугите
 Mystery shopping
 Истражувања на  дистрибутивна мрежа
 Истражувања на  конкуренција
 Следење на цени
 Point of exit  истражувања
 Customer satisfaction  истражувања
 Интегрирани  истражувања
 
Истражувања на конкуренција

Секоја компанија која сака да биде конкурентна на пазарот мора да ги следи активностите на компаниите кои ги смета за своја конкуренција. Во ера кога иновациите во производи, услуги, процеси и маркетинг го движат успехот на компаниите, секогаш е вредно да се знае конкурентното опкружување во кое работиме со цел да понудиме нешто што ќе претставува дополнителна вредност за нашите купувачи и воедно наша компаративна предност.

Но како просторот за диференцијација на производ и цена се намалува, компаниите стануваат свесни дека квалитетот на купувачкото искуство станува пресуден фактор за создавање лојални клиенти и зголемување на пазарното учество (market share).

Нашите детални истражувања на конкуренцијата претставуваат сериозна алатка во донесување на значајни стратешки одлуки за постигнување предност на пазарот.

Придобивки од истражувањето:

  • Идентификување на клучните параметри кои го дефинираат купувачкото искуство во вашата индустрија
  • Предочување на факторите кои го одредуваат задоволството на клиентите и постапките кои влијаат за создавање на лојални клиенти
  • Класификација на конкурентите според нивното реално влијание врз вашето пазарно учество како лидери, ривали, потенцијални ривали, нови играчи итн.
  • Добивате точна слика за понудата на вашите конкуренти во споредба со вашата и задоволството на клиентите од нивната услуга наспроти вашата
  • Добивате конкретни насоки за донесување на одлуки за посигнување на компаративна предност во однос на конкуренцијата