|
Истражувања на дистрибутивна мрежа
Квалитетот на услугата на вашите дистрибутери и продавачи може да биде сериозен фактор за тоа дали вашите производи се купуваат од страна на крајните корисници. Дистрибутерите и продавачите многу често не продаваат само ваши производи, а во многу случаи се инвестираат сериозни средства за вашите производи да се најдат на нивните полици или во нивната понуда. Со овие истражувања добивате информација за позиционираноста на вашите производи во однос на конкурентските, како и атрибутите кои вашите дистрибутери ги препишуваат кон вашите производи во моментот на продажба.
По спроведеното истражување ќе дознаете:
- Дали вашите производи се изложени според вашите стандарди
- Дали и како вашите дистрибутери ги препорачуваат вашите производи
- Дали се придржуваат до вашите инструкции за промоција на вашите производи
- Дали ги истакнуваат компаративните предности на вашите производи во однос на конкурентските кои ги продаваат
- Дали се спроведуваат одредени промотивни активности во согласност со вашите насоки Овие истражувања не се лимитирани единствено на дистрибутери и продавачи на производи. Со нив се мери и квалитетот на услугата на вашите партнери кои ги нудат и вашите услуги.
Придобивки од истражувањето:
- Ги идентификува евентуалните недоследности во продажниот процес
- Ги идентификува областите за едукација на продажниот персонал
- Ги зајакнува партнерските односи со вашите дистрибутери и продавачи
- Придонесува за зголемена видливост на вашите производи во продажните места
- Овозможува Зголемена продажба (pick up) од полиците на вашите дистрибутери и продавачи, и секако профит
|
|
|
|
|
|