|
Customer satisfaction истражувања
Сите сме свесни дека колку е посилна лојалноста на клиентите толку е поголем профитот. Најважниот приоритет на секоја компанија, покрај своите вработени се клиентите. Ниедна компанија не смее да си дозволи да ја занемари важноста на задоволството и лојалноста на клиентите. Многу се повторувани изреките колку пати е поскапо да се придобие нов клиент отколку да се задржи постоечкиот. Но во исто време не можеме да си дозволиме да им дадеме на клиентите се што сакаат. Имајќи ја предвид профитабилноста, мораме да ги идентификуваме клучните фактори кои го придвижуваат задоволството на клиентите и да преземе мерки кои ќе имаат најголемо влијание да се подобри купувачкото искуство.
Придобивки од истражувањето:
- Колкав број од клиентите се навистина одушевени од соработката со вас
- Колкава е разликата во потрошувачката која ја прават вашите просечни клиенти и вашите лојални клиенти
- Кои мерки да се преземат за да се придвижат поголем број клиенти кон зоната на лојалност
- Во кој правец треба да се инвестира за поефикасно да се постигне поголем број на задоволни и лојални купувачи
- И многу други придобивки специфични за одредени индустрии
|
|
|
|
|
|