|
Анализи и извештаи
Следејќи ги искуствата на интернационалните компании од истражувачката дејност, особено во областа на подобрување на купувачкото искуство, ги применуваме докажаните практики за изработка на напредни извештаи кои на нашите клиенти им даваат вистинска слика за нивната услуга и за задоволството на купувачите од неа.
Свесни сме дека податоците од истражувањата сами за себе не можат да овозможат реален раст на продажбата и профитот. За постигнување на значајни резултати ние одиме и чекор понатаму со нудење на дополнителна вредност во обработката и анализата на добиените податоци од истражувањата кои ги спроведуваме. Во рамки на нашите извештаи, на клиентите им ги посочуваме најзначајните заклучоци во правец на идентификување на клучните точки кои го движат задоволството на купувачите. Дополнително се вложуваме за да понудиме практични совети и препораки кои ќе допринесат за преземање на конкретни активности за донесување на одлуки соодветни на резултатите од секое истражување
. Континуирано инвестираме во нашите ресурси, со цел да овозможиме квалитетна, точна и веродостојна анализа на информациите „од теренот“. Користиме врвен софтверски систем Марти™ кој значително придонесува кон создавањето на нашите извештаи, притоа запазувајќи висок степен на ефикасност што е преточено во намалување на оперативните трошоци кои се дел од секое истражување и овозможувајќи простор за понуда на конкурентни цени за нашите услуги.
Марти™ овозможува дополнителни придобивки за нашите клиенти, кои имаат можност континуирано да го следат текот на истражувањето „во живо“, преку интернет со пат на пријавување со уникатно корисничко име и лозинка. Сите проценки се достапни најдоцна 48 часа по нивното спроведување, при што клиентот има можност да биде континуирано во тек со самото истражување.
Како резултат на транспарентноста при спроведувањето на истражувањата и нашите процедури за обработка на податоци и за изработка на извештаи, нашите клиенти се сигурни во веродостојноста на спроведените истражувања. |
|
|
|
|
|