|
Идентитет
SWOT RESEARCH е основана во 2004 година како прва и единствена агенција специјализирана за анализа на квалитетот на услуга. Во изминатите 5 години успеавме да постигнеме над 10.000 проценки за квалитет на услуга, спроведовме повеќе од 100 истражувања за подобрување на купувачкото искуство и ја освоивме довербата од над 30 стратешки клиенти.
Наша главна област на експертиза се квалитативните истражувања со методот на тајно купување, кој претставува единствен начин за објективна евалуација на квалитетот на услугата кај компаниите. Водејќи се од посветеноста кон унапредувањето на услугата кај нашите клиенти, воведовме палета на нови услуги кои опфаќаат истражување на задоволството на купувачите во поширока смисла на зборот.
Денес SWOT RESEARCH претставува напредна агенција за истражување на пазарот, која со помош на своето знаење, искуство и ресурси континуирано им помага на добрите фирми да станат одлични фирми.
Како резултат на долгогодишното искуство стекнато во соработка со голем број на етаблирани компании во Македонија, тимот на SWOT RESEARCH навистина го разбира значењето на задоволството на купувачите за успехот на секој бизнис. |
|
|
|
|
|